Жарко Луковски самиот барал да го дополни исказот пред обвинителката Рускоска


Жарко Луковски, поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“, утринава бил во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за да даде исказ за случајот „Рекет“, потврдуваат од обвинителството за „Фокус“.

Луковски по вторпат се соочил со обвинителката Вилма Русковска, бидејќи тој веќе еднаш има дадено, а сега самиот барал да го дополни.

Луковски се споменува во еден од аудио разговорите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“. Боки 13 во разговор со Орце Камчев вели дека Луковски завршил работа за случајот со базните станици – и во СЈО и во Владата.

Луковски е осомничен во случајот „Базни станици“, што го води обвинителката Лиле Стефанова. Сепак, не е точно дека оваа истрага е запрена. Луковски е осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на Бетон АД Скопје, а на штета на акционерите на Т-мобиле, меѓу кои, и државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1