Жбогар: Името треба да се реши во наредните пет месеци ВИДЕО


Прашањето за името треба да се реши во наредните пет месеци за земјава да може да продолжи со евроатлантските интеграции, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар во заедничко интервју за неколку медиуми.

Тој рече дека двете земји, Македонија и Грција, треба да видат до каде се.

– Мислам дека е отворен прозорец на можности. Гледаме добра волја од двете страни за подобрување на атмосферата и атмосферата се подобрува. Тоа ќе олесни решавањето на ова прашање. Владата изгледа фокусирана. Нема гаранции дека ќе има успех, но доколку не се проба, не може ниту да се знае дали ќе се успее – рече Жбогар.

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ најавен за следната недела му влева надеж на амбасадорот на ЕУ дека оваа партија ќе ја смени својата деструктивна политика и ќе биде вклучена во реализирањето на реформите. Тој не сакаше да ги коментира последните апсења на пратениците од оваа партија, велејќи дека ова би се подразбирало како мешање во работата на судството.

– Се надевам дека по Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ следната недела, ние ќе добиеме опозиција која не е посветена само на тоа деструктивно да ги спречи работите кои се случуваат. Подобро е да имаме опозиција која ќе и конкурира конструктивно на Владата, со идеи, предлози и сугерирања, како да се корегира. Таква опозиција е потребна, а таа во овој момент ја нема. Јас се надевам дека повторно ќе го вратиме силното ВМРО-ДПМНЕ во јавниот живот и во Собранието – изјави Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ

Иницијативата „Жан Моне“ која го вклучува предлогот лидерите да се сретнат во Париз, според Жбогар, не била смислена да биде продолжение на Договорот од Пржино, туку да придонесе за подобрување на атмосферата. Жбогар изјави дека очите на меѓународната заедница се вперени во спроведувањето на реформите во трите најважни полиња.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1