Железничка несреќа во Битола: Автомобил влечен 300 метри по шините, возачот починал


На железничката пруга Битола – Скопје, утринава се случи кога патнички воз удри во такси возило управувано од битолчанец (56).voz pruga

Од силината на ударот, такси возилото било влечено тристотини метри по шините, при што возачот го загубил животот.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место. Издадени се наредби за обдукција на телото на починатиот и анализа на крв за утврдување на евентуално присуство на алкохол.

По проверките направени на лице место утврдено е дека нема присуство на алкохол кај машиновозачот.

Истражните дејствија продолжуваат во насока на откривање на причините за случената несреќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1