Жена доби нобелова награда за физика за првпат по 55 години


Артур Ашкин, Жерард Моро и Дона Стрикленд се добитници на Нобеловата награда за физика за 2018 година за унапредување ласерската физика.

Ашинкин развил оптиќки пинцети со кои можат да се фата ситни честички како што се вирусите ,а при тоа да не се оштетат.

Стрикленд и Моро помогнале во развивање кратки ин интензивни ласерски импулси кои имаат широка индустриска и медицинска примена.

Професорката Стрикланд во историјата е трета жена што ја добива Нобеловата награда за физика по Марија Кири во 1903 и Марија Геперт – мајер во 1963 година.

Тие развија технологина наречена ЦПА со ккоја се врши ласерски третман на заболените од карцином , како и во ласерските операции за корекција на очната диоптрија .

Доктор Стрикланд беше изненадена кога дозна дека поминале дури 55 години пред жена да го добие престижното признание за научниот труд. Таа додаде дека секогаш од колегите биле третирана како рамноправна и дека наградата не е само нејзина , туку ја дели со уште двајца колеги , кои можеби и повеќе ја заслужуваат од неа, рече скромната професорка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1