Две лица се уапсени, а едно е приведено за постапка на граничниот премин на скопскиот аеродром „Александар Велики“ во текот на вчерашниот ден.
Најпрво, во 14.45 часот, при пасошка контрола било констатирано дека лицето М.М. (52) од Битола евидира со мерка „апси“. Истата е приведена и во 18.05 часот е предадена на полициски службеници од ПС Петровец за спровод до Казнено поправната установа Идризово.
Подоцна, во 19.00 часот, при пасошка контрола било констатирано дека лицето С.С. (57) од Скопје евидира со мерка „апси“. Истиот е приведен и во 20.40 часот е предаден на полициски службеници од ПС Гази Баба за понатамошна постапка.
Во 18.30 часот, пак, при пасошка контрола и увид во полската виза на лицето М.Е. (26) од Косово, полициски службеници се посомневале дека истата е фалсификувана. Во периодот од 21.00 до 21.40 часот со лицето работеле инспектори од РЦ Север, по што, со потврда за предавање на лице, е предадено на инспекторите за понатамошна постапка.