Жена истури кофа со човечки измет во судот во Велес – сакала и да го запали


Цела кофа со човечки фекалии утрово, истурила во ходникот на самиот влез во велешкиот суд 47 годишната Марија П. од Башино село. Тоа се случило штом судската полиција ја отворила влезната врата на институцијата, пишува Дума.мк.

sud-0213860741251386074084_thumb_medium490_0Се обидела да избега но била сопрена од дежурниот судски полицаец кој повикал и полиција.

По случката судот го затвори главниот и во зградата сеуште се влегува преку спореден влез. Повикано е лице од одделението за комунална хигиена на градското комунално претпријатие кое треба да го исчисти влезот во зградата на судот.

Марија П. се соочува со нов прекршок. Таа досега има изречена една условна казна а деновиве правосилна стана и пресудата на затворската во времетраење од една година затоа што на 19-ти јули со бензин ја попрска и се обиде да ја запали влезната врата на Основниот суд во Велес. 47 годишната башиноселка претходно се обиде да запали трафостаница на ЕВН и да исече бандера за електрична енергија во знак на револт кон компанијата која тврди дека е должник а жената спротивното дека никому не должи. Против Марија во судот во Велес се водат уште две истражни постапки. Судот чека психијатриско вештачење за пресметливоста на Mарија.

 Дума.мк.

sud-011386074084_thumb_medium490_0

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1