Жена била застрелана синоќа два часа по полноќ додека седела на гости кај соседите на улица „Брсјачка буна“ во скопската населба Шуто Оризари, соопшти МВР.
Четири жени во 2.20 часот седеле во гостинската соба, сопственичката на куќата, нејзината ќерка, внуката и сосетката, кога непознато лице дошло до едно крило од вратата на терасата на гостинската соба и почнал да пука.
Преку двојното термопан стакло, кршејќи го, испукал шест куршуми и ја повредил дваесет ипетогодишната девојка.
На местото веднаш пристигнала Брза помош и девојката била пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Дежурниот лекар констатирал една влезно-излезна рана во левата рака, една влезна рана во левата града, една влезна рана во левата надколеница, една влезна рана во левата бутина и една влезна рана во пределот на градниот кош.
Жената е префрлена на интензивна нега во КАРИЛ, а полицијата сé уште го бара напаѓачот.