Жена “камен” пијана паднала од автобус на ЈСП


Во 23 часот синоќа во Ургентен центар Скопје со возило на Итна медицинска помош била донесена 44-годишната К.Ј.Г. од САД, а со живеалиште во Скопје, која доживеала страшна несреќа додека се возела со автобус на ЈСП.avtobus nov jsp
Полицијата денеска информира дека откако автобусот застанал на автобуска постојка на улица „Ѓорче Петров“ , при симнувањето од автобусот жената се лизнала и паднала на тротоарот. Веднаш дошла Итна помош и таа била пратена на Клиниката за Максиофасцијална хирургија.

Над истата е извршено алкотестирање, при што е утврдено присуство на алкохол во крвтта од 3,39 %о.

Од страна на екипа од СВР Скопје извршено е фотографирање на автобусот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1