Парот, имено, станал познат во светската јавност, по серијата пораки кои во средата се појавиле на Твитер. Пораките откриле дека министерот е во љубовна афера со пакистанската новинарка Мехр Тахрар.52-годишната Сунанда Пушкар, најпрво признала дека таа ги објавила твитовите, но потоа се’ демантирала.
Откако веста се проширила со брзина на светлината, сопружниците сето тоа го негирале, наведувајќи дека се во среќен брак од 2010. година, и дека некој провалил во профилот на Шашија Тарор.Нејзиниот сопруг ја известил полицијата за нејзината смрт, но се’ уште не е познато како и зошто починала.
Новинарката Тахрар, која негирала дека има афера со министерот, кога слушнала за смртта на Сунанда напишала на Твитер: “Во шок сум. Тоа е страшно, трагично. Почивај во мир, Сунанда”.