Тетовка која требала да биде приведeна за да ја издржи затворската казна, нападнала еден од полицајците кои требале да ја приведат и заработила кривична пријава.
Како што информира СВР Тетово, З.А.(31) од Тетово сторила кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Инцидентот се случил на 12 март годинава околу 13 часот во Тетово, при обид да биде приведена заради издржување казна затвор, пријавената физички нападнала еден од полициските службеници, нанесувајќи му телесни повреди.