Четириесет и шест годишната П.Ш. вчера била пронајдена мртва во својот дом во Пинтија од страна на сопругот.
Во разговор со полициски службеници нејзиниот сопруг Д.Ш. (69) изјавил дека истиот ден околу 11.30 часот кога се вратил од пазар ја пронашол во ходникот легната на стомак. Помислил дека и се слошило, ја завртел на грб да и помогне, но забележал дека во пределот на левата града има нож и убодна рана, по што повикал Итна медицинска помош, кои констатирале смрт.
Полициски екипи извршиле увид на местото во присуство на јавен обвинител, а телото на починатата е предадено во Институтот за Судска Медицина за обдукција.