На 04.04.2018 година во 22.50 часот во Полициска станица Драчево дошла 40-годишна жена од Скопје и рекла дека е во депресија и сака да си го одземе животот.
Во станица бил повикан и нејзиниот син, а жената додека разговарала со сменоводителот, во присуство на нејзиниот син, извадила пластично шише со течност, се полила и со запалка се обидела да се самозапали, но била спречена во намерата.
Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во душевната болница Бардовци.