Гоца Шаулиќ го истера својот сопруг Шабан од куќата поради фотографиите кои се појавија во весниците. Имено на фотографиите се забележани Шабан и извесна Цуца како шопингуваат во Инѓија. Тоа беше капката која на Гоца и ја прели чашата и таа му прати СМС порака на Шабан да не се враќа дома и ги замени бравите на вратите.
Интересно е дека, откако тоа излезе во весници Шабан постојано и праќа пораки на Гоца во кои ја моли да не излегува во јавност со приказните за неговата врска со Цуца бидејќи тие само случајно се сретнале. Меѓутоа оваа приказна не поминала кај Гоца која воопшто не му одговара на пораките.