Жената на Оливер има порака за неговите убијци: Се знае кој го направи ова, нема да се заврши добро!


Милена сопругата на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП Оливер Ивановиќ, е во шок по ужасната вест дека нејзиниот сопруг подлегнал на повредите. Таа за Пинк порачала на убијците дека ова нема добро да заврши.

– Имам порака за сите оние кои го направија ова, а се знае многу добро кои се, дека ова нема да заврши добро – рекла Милена Ивановиќ.

Непознати напаѓачи утрово околу 8.30 часот пукале кон Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица додека влегувал во седиштето на партијата. Тој без знаци на живот е примен во болница во Косовска Митровица.

Ивановиќ во болница е примен во тешка состојба и лекарите пробале се за да се изборат за неговиот живот, но нажалост тој подлегнал на повредите.

Милена Ивановиќ, штом слушнала дека сопругот и е застрелан пристигнала во болницата заедно со братот на Оливер и чекала пред операционата сала да дознае детали за неговата состојба.

Сепак од салата излегла медицинска сестра која соопштила дека Ивановиќ починал, не успеале да го спасат неговиот живот.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1