Жената напаѓач од Калифорнија се заколнала на верност на ИД


Американските истражни органи веруваат дека Ташфин Малик, која заедно со сопругот усмрти 14 лица во пукотниците во Сан Бернандино во Калифорнија, му се заколнала на верност на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади, јави Си-Ен-Ен.t-m(1)

Изворот од истрагата навел дека Ташфин Малик на лојалност на ИД се заколнала на профилот на Фејсбук под друго име.

Властите не објаснија како знаат дали Малик е одговорна за тој пост на Фејсбук.

Малик (27) и нејзиниот сопруг, 28-годишниот Сајед Ризван Фарук, загинаа во престрелката со полицијата неколку часа откако во средата извршија масакр во центарот за социјална работа во Сан Бернандино, оддалечен околу сто километри источно од Лос Анџелес.

Тоа беше најсмртоносното масовно убиство во САД во последните три години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1