ЖЕНИ УТРЕ НИКАКО НЕ СЕ ЧЕШЛАЈТЕ: Еве што треба да направите на Благовец


Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар.blagovestie

Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и слично, и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн.

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, но некои го сметаат и за празник Господов. Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат. Оние кои сакаат да имаат деца да појдат во црквите и манастирите, каде иконите посветен на Благовештение и да се помолат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1