Жените и другите мераци на Јосип Броз Тито


Денеска се навршуваат 36 години од смртта на доживотниот претседател на СФРЈ и на Сојузот на комунисти, Врховен командант на вооружените сили и челник на Движењето на Неврзаните. Јосип Броз Тито управуваше со Југославија 35 години. Освен што беше голем државик важеше и за голем женскар, а ова се дел од неговите љубовни авантури и помалку познати факти од неговиот интимен живот.Jovanka i Tito na doceku Nove godine.

Секс во шаторот на врховниот командант за време на битката на Неретва!?

Според предметите што неодамна беа отриени во таканаречениот „Титов трезор“ во Народната банка на Србија, доживотниот претседател на поранешна Југославија обожувал злато, особено прстени и предмети од злато, дијаманти и брилијанти.

По отворањето на трезорот, според информациите што се појавија деновиве во јавноста, во приватната „златна“ збирка на Тито има околу 30 килограми злато, 2.663 крупни златници, 151 златни предмети и 149 прстени од злато, дијаманти и брилијанти. Сепак, според изјава на Јованка Броз за сараевскиот неделник „Слободна Босна“, доживотниот претседател најмногу сакал жени: „Тито сакаше жени повеќе од Сулејман Величествениот!“.

Гласни љубовни воздишки

Во посета на Главниот штаб за време на некоја од офанзивите во Босна дошла некаква словенечка партизанска делегација, предводена од Лука Лескошек. Делегацијата стигнала на договорениот состанок пред Шаторот на Врховниот командант во многу незгодно време.tito zeni

Словенците слушнале гласни љубовни воздишки и стенкање, па решиле да отстапат и да се вратат подоцна. Кога по извесно време дошле повторно, Тито добро расположен ги пречекал со зборовите: „Добро е што задоцнивте на состанокот, зашто и онака морав да завршам една многу важна работа!“

Во ноември 1943 година, Херта Хаас доаѓа во Јајце со словенечката делегација на Второто заседание на АВНОЈ. Возбудена веднаш ќе го побара Тито, но во куќата каде што престојувал Врховниот командант затекнала млада жена која во собата го средувала креветот: „Драга моја, во оваа соба нема место за две жени!“. Херта, бесна и понижена, веднаш го побарала Тито, кој, со соработниците, работел на корекции на својот реферат за Второто заседание на АВНОЈ. Малку се потсмирила и пред сите го прашала Тито: „Која е таа жена? Зарем јас не сум твоја жена?“ Тито фатен во многу незгодна ситуација пред соработниците, успеал само двосмислено (мангупски) да и одговари: „Па, договорете се!“tito zeni5

Тито се плашел од Јованка?!

Љубовта е најпотребна тогаш кога најмалку ја заслужуваме. Доколку тоа се однесува и на Тито, најголемата политичка личност на овие простори на 20-от век, тогаш може да се каже дека тој имал среќа да биде сакан, не само од народот, туку и од жените тогаш кога му било најпотребно. А на „стариот лисец“ тоа му било потребно речиси до смртта. Според документите што сега се откриваат, Тито бил буквално опсипан со женска љубов, дури и тогаш најмалку ја заслужувал.

Во што била тајната на Титовиот успех кај жените? Едноставно: „Беше неодолив“, воодушевено ќе воксликне пред Владимир Дедијер, најпознатиот биограф на Тито, загребската партиска функционерка Веда Загорац. Истата Веда Загорац, која била многу блиска со Броз, а тоа се знае што значи кога станува збор за него, мошне добро се сеќава на Тито од времето кога имал околу триесетина години.tito-jovanka-broz-foto-profimedija-1437551663-705553

Имено, шармот, елоквентноста и духовитоста биле неговото најсилно оружје, а неговиот физички изглед сосема се разликувал од сликата на типичниот груб комунистички активист од тоа време. Дури и полицијата ретко кога се сомневала дека зад ликот на дотераниот претприемач и елегантно облечен странец, всушност се крие опасен комунистички револуционер.

Титовата склоност кон убавиот пол, прекрасните дворци и раскошниот живот ги иритирале неговите комунистички истомисленици во татковината, но и во меѓународното комунистичко движење. Затоа, во една пригода, советскиот претседател Никита Хрушчов иронично го нарекол „последниот социјалистички цар“.

Сепак, Владимир Дедијер не се согласувал со мислењата  на Титовите критичари дека југословенскиот претседател бил женкар, иако во својата богата  архивска граѓа собрал обемен материјал со наслов „Титовите љубовни врски“, при што само за Јованка собрал неколку архивски кутии. Се разбира дека Јованка Броз не го интересирала само како Титова сопруга, односно пред тоа тајна љубовница, туку и како политичка личност која се обидувала да го наследи Тито.tito elizabet tejlor barton

Како и да е, Дедијер собрал богат материјал за семејниот и љубовен  живот на Тито, но веројатно поради личниот респект кон него, ништо од тоа не објавил: „Кога живееше со некоја од жените, секогаш беше верен“, тврди Дедијер во своите спомени за Тито.

Љубомората на Јованка

За односот на Тито кон последната негова сопруга, како и за неуспешните претходни бракови, мошне илустративно е сведоштвото на Лазар Колишевски, кој бил со претседателот при последната посета на Тито на Советскиот Сојуз и на Кина, во 1977 година.

Во тоа време брачните односи на Брозови, веќе неколку години биле многу лоши, па на тоа последно големо патување на Тито му претходела долга кавга меѓу него и Јованка Броз. Затоа Тито, додека пловеле со бродот по Бајкалското езеро, се интересирал кај Колишевски како тече работата на партиската комисија која го истражувала тајното политичко делување на Јованка.josip-broz-tito-jovanka-imovina-ostavinska-rasprava-imovina-sfrj-1365665155-44916

Според сеќавањето на Колишевски, тој во таа пригода, на тоа прашање не знаел ништо конкретно да му одговори, но знаел дека главниот проблем што ја мачело Комисијата било зошто Јованка тајно зема документи од Кабинетот на Тито и кому тие документи му ги предава. Бидејќи Колишевски, како што вели, ништо конкретно не можел да му каже, уморниот Тито само воздивнал велејќи дека „револуционерот никогаш не треба да се жени!“

Инаку, таа 1977-ма година, според сеќавањето на Колишевски, Тито веќе многу го болела ногата, а истовремено многу пател и поради острите недоразбирања и брачните проблеми што ги имал со Јованка. Иако Тито имал желба и таа да патува со него, Јованка  одбила да го придружува во посетата на СССР и на Кина. Всушност, го уценила да отстрани тројца луѓе од неговата придружба, па дури потоа таа би дошла со него. Факт е дека Тито не го прифатил тоа, па Јованка останала во резиденцијата на Дедиње.

Кога во мај 1980-та година, веднаш по смртта на Тито, службено била запечатена неговата резиденција, службите одзеле голем број документи кои биле во собата на Јованка. Според словенечкиот новинар Миро Симчиќ, кој подолго време ги истражувал архивите поврзани со Тито и неговите жени, ниту една од неговите претходни жени и љубовници немала влијание во политичките и државничките одлуки што ги носел, како што имала Јованка.tito 555

За разлика од своите претходнички, таа со години непосредно и грубо го притискала Тито кога станувало збор за клучни политички одлуки во државата; се мешала во кадровски решенија, а зад неа стоеле моќни соработници кои знаеле вешто да манипулираат со ситуацијата.

Иако Тито бил силна и решителна личност, сепак, многу документи и изјави на луѓе од неговата околина упатуваат на тоа дека под притисок на Јованка Броз понекогаш носел одлуки кои биле против негова волја и убедување, а подоцна се покажале како судбоносни за Југославија, удирајќи го по неговата глава.

Јожа ја заведува тринаесетгодишната Пелагија Белоусова!

Но, да се вратиме 60 години поназад. Како убеден комунист, Тито бил истовремено и убеден интернационалист. Во тој контекст, бил интернационалист и кога ги одбирал своите жени. Иако е роден Хрват, тој имал само една жена Хрватка во животот. За жал, светски познатата оперска пејачка Зинка Кунц, одлучно го одбила, иако во 1946 година многу и годело флертувањето со славниот додворуваач. Значи, негова прва сопруга е Пелагија Белоусова – Полка, Русинка која го запознала како воен заробеник од Првата светска војна во Киргистан. Била уште дете кога се зеле.tito zeni1

Подоцна заедно со вратиле во Југославија, но во 1928 година, по Бомбашкиот процес, кога Јосип Броз завршил на долгогодишна робија поради илегално делување како комунист, Полка се вратила во Советскиот Сојуз со нивниот син Жарко и набрзо службено се развела од него. Таа по неколку работи е исклучок меѓу жените на Тито.

Имено, Полка е единствена која Тито ја одбрал надвор до кругот на комунистичките илегалки и активистки. Постојано мислејќи на својот син Жарко, кој напуштен од својата мајка завршил во Советските поправни домови, Тито во 1936 година во Москва се жени за функционерката на Коминтерната, Германката Анна Кониг. Таа врска траела само една година и завршила трагично: Анна кон крајот на 1937 година била осудена за шпионажа и стрелана по кратка постапка.

Истата година во животот на Тито влегува друга Германка, додуша словенечка Германка, родена во Марибор. Херта Хаас. Симпатична, образована и млада илегалка, која со сета своја душа му била предана на Јосип Броз, генералниот секретар на КПЈ, главната личност во југословенското комунистичко движење.

Младата илегалка Херта Хаас, во Загреб, во најлошо време, поточно токму кога Хитлер ја напаѓа Југославија, односно во април 1941 година, го раѓа нивниот син Мишо Броз. За жал, тоа е и крајот на нивната четиригодишна неформална брачна врска.

Во тоа време во орбитата на Тито ненадејно влетува младата белградска илегалка Даворјанка Пауновиќ – Зденка, која ќе го придружува како негова воена жена до 1946 година кога умира од туберкулоза во Голник, кај Крањ.tito zeni2

Дури потоа доаѓа Јованка Броз, млада и убава Србинка од Лика, мајор на ОЗНА, која во резиденцијата на Тито е регрутитрана како домаќинка. Клучна личност за нејзиното влегување во најтесниот круг луѓе околу Тито во Белиот двор е Иван Крајачиќ – Стево, таинствена личност со големо влијание врз Јованка, а преку неа и врз Тито.

Тој како службеник на Коминтерната и долгогодишен соработник на советските тајни служби, успеал во 1946 година да ја истисне Херта Хаас, со која Тито веќе го имал својот петгодишен син Мишо и на нејзино место успешно да ја уфрли Јованка Броз, која на почетокот понизно ги трпела грубите понижувања и шиканирања на својот 32 години постар сопруг.

Но, пред Јованка да стигне во креветот на Броз, низ неговиот живот поминале многу жени, меѓу кои и четири кои биле негови јавни венчани или невенчани сопруги. Прва е Пелагија Белоусова. Кога во 1917 година тој и Пелагија се запознале во близина на градот Омск, во Русија, тој имал 25, а таа само 13 години. Следната година склопиле црковен брак според православниот обред, а 1920 година, пред заминувањето на австро-унгарскиот заробеник Броз во татковината, својот брак го регистрираат и судски во Омск.tito zeni3

Според анкетниот лист што го пополнила на барање на советските власти во 1932 година, значи откако се вратила назад во својата татковина, може да се види дека Пелагија Броз е родена 1904 година во селото Михајловское крај Омск.

Не се знае каде и како се запознале, а за тоа никогаш ништо немаат кажано ниту тој, ниту таа. На единствената јавно позната семејна фотографија на која се Јосип Броз, Полка и нивниот син Жарко, може да се види дека станува збор за многу убава жена со црна коса, која во Југославија со својот сопруг престојувала од 1921 до 1929 година.

До 1926 година била домаќинка, а последните неколку години работела како работничка во една загребска фабрика. Не била образована, не посетувала никакво редовно образование, односно имала завршено само некаков курс. Документите и фотографиите од тоа време говорат дека Броз бил физички привлечен маж, духовит млад човек со европски манири кои ги истакнуваат сите жени со кои во тоа време имал контакти.tito

Во 1929 година Пелагија Броз се вратила во СССР, очигледно со помош на партиската организација во Загреб и во соработка со советското дипломатско претставништво во Виена. Набрзо потоа се развела од Јосип Броз и се премажила за фотографот Рогуљев, со кого имала уште едно дете, ќерката Нина. Притоа, наводно, за синот Жарко воопшто не се грижела. Меѓутоа, факт е дека Пелагија, поради контактите со Југославија, во 1938 година е интернирана во Сибир.

Десет години подоцна, во 1948 година се враќа во Москва, но повторно е интернирана затоа што била сопруга на одметнатиот Тито. Дури во 1957 година е службено рехабилитирана, а умира во 1968 година. Постојат документи дека Тито бил лут на тоа што таа го запоставила Жарко, па јавно изјавувал дека Пелагија умрела во 1944 година.

Никогаш не се интересирал за неа, иако подоцна имал можности да дознае каде е и што работи.

Оние што ги познавале двајцата, не знаат дали Тито испратил венец кога умрела. Извесно е дека животот го однел по друг пат, а на тој пат се појавувале и други, нови жени.

Блаже Миневски за МИА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1