Жените кажаа: Оваа е најлошата поза


Пози за уживање во сексуалната игра има еден мал милион. Секој од нас ужива во некои повеќе од колку во другите. Сепак постојат пози кои не им се допаѓаат на повеќето жени, а на врвот на таа листа се најде позата 69.

Еве зошто токму оваа поза е најомразената помеѓу понежниот пол:

„Понекогаш ми е забавна, но знае да стане иритирачка ако трае предолго или стане неудобна. За предигра не е лоша, но тајмингот е најголем проблем. Да бидам искрена, најмногу ми пречи бидејќи тешко е да се фокусираш и на давање и на примање орален секс. Попрво би одбрала наизменичен орален секс“ – Бојана, 28

231030-seks

„Ужас! Сепак, не сум некој голем фан на орален секс, така што моето мислење не е најрелевантно“ – Ања, 24

„Кога уживам во орален секс, не сакам истовремено да возвратам. Сакам да уживам, а не можам тоа да го направам ако постојано се концентрирам на туѓото задоволство“ – Сандра, 30

„Тоа е најглупавата поза која постои и прилично сум сигурна дека барем еден од двајцата партнери останува незадоволен.“ – Катерина, 22

„Ужасно е. Пробав еднаш кога имав 17 години и никогаш повеќе“ – Милица, 27

„Замислата не е лоша, но спроведувањето е секогаш погрозно. Никогаш не е удобно, постојано некој се истегнува, добива грч и којзнае уште што. До сега не сум сретнала дечко кој ја обожава оваа поза. Да, би ја пробала, но не повеќе од 2-3 пати во животот“ – Александра, 34

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1