Жените на работа, мажите по дома – Источна Македонија и пркоси на статистиката


Во источниот дел на државата се уште важи старото добро правило дека жената е финанансискиот столб во семејството. Девизата дека жените работат, а мажите одмараат долги години е лајт мотив за штипјани. И последните податоци на Агенцијата за вработување го потврдуваат истото. Од вкупно 2891 лице, 1173 невработени се жени. Останатите 1720 се мажи. Најголем процент на невработени мажи се од 45 до 55  годишна старост. За ова појава виновна е транзицијата, сметаат надлежните.menversuswomen

Судбината на мажите од Штип ја делат и мажите од останатите градови во регионот. На пример во Кочани од вкупно 3590 невработени, 2340 се мажи, што би се рекло дека соодносот помегу невработени мажи и жени е два спрема еден. Припадничките на понежниот пол можат полесно да дојдат да работа. Пазарот на трудот бара женска работна рака, сметаат кочанчанки.
Но во борбата за егзистенција одамна се веќе надминати машко – женските професии. Се почесто може да се види како жена вози такси, а маж шие на машина. Штипјанецот Кирил Димитров 18 години работи во една од најженските професии. Тој е медицински техничар, а поради неговиот пол често пати наидува на отпор кај пациентките.
За жал во Македонија се уште постојат професии кои барем засега се недостижни за понежниот пол, како на пример претседател или премиер на држава.
Alfa.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1