Жените не само што стануваат поубави туку и грдите исчезнуваат


Не само што жените се се поубави, туку и оние грдите се вид кој полека изумира. Ова е резултат на истражувањето на научниците од универзитетот во Хелсинки.


elena-gomez01-374x500Во една студија на група на истражувачи, предводена од професорот Марксом Јокелом, се покажало дека убавите жени раѓаат повеќе деца, за разлика од оние помалку привлечните и дека меѓу тие деца има најмногу девојчиња, благодарение на комбинаториката „убава на мама“.
Убавината по природен пат, се пренесува од мајка на ќерка, па женската убавина се пренесува од генерација на генерација, велат истражувачите.
Тоа меѓутоа не е случај со мажите кои остануваат грди како и нивните претци, затоа што за нив просто не важат истите правила на еволуција.
Истражувачите со година набљудувале 1244 жени и 997 мажи, мерејќи ја нивната репродуктивна моќ. Се испоставило дека атрактивните жени раѓаат во просек по 16% повеќе деца и дека имаат 36% повеќе можност да родат женски деца.

Ќерките го следат примерот на мајките, што доаѓа до создавање на ланец на убавина, во кој убавината не само што се пренесува од мајка на ќерка, туку се шири и се повеќе го елиминира видот на грдите жени.
Убавината е физичка особина која се наследува, тврди Каназава, психолог-еволуционист од Економскиот факултет од Лондон.
Тој вели дека во едно истражување се покажало дека во просек убавите жени се побројни од убавите мажи.
Просечен маж и понатаму ќе биде понеубав, додека жените ќе бидат се поубави и поубави, тврди Каназава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1