Жените што ќе направат најголема сметка во Рамстор ќе летаат со хеликоптер – жени јуриш :)


Припадничките на понежниот пол кои ќе направат најголема сметка во локалите или во супермаркетот во Рамстор Мол по повод меѓународниот ден на жената-8 март ќе имаат можност панорамски да го разгледаат Скопје со хеликоптер.

helikopterПраво на учество на натпреварот, како што соопшти компанијата, имаат сите потрошувачки кои своите фискални сметки ќе им ги приложат на хостесите од молот.

– Победник на денот е онаа припадничка на понежниот пол која ќе прикаже најголемата фискална сметка или повеќе сметки од дневна основа. Летање со хеликоптер низ небото на нашиот град, шампањ и наздравување, забава и уникатно искуство ќе ги очекува добитничките на оваа несекојдневна и ретка можност, се вели во соопштението.

Наградените ќе бидат објавени на фан станицата на Рамстор Мол на социјалната мрежа Фејсбук каде детално се објаснети правилата на играта

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1