Жерновски обвинет за корупција


Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар реагираат на набвките кои градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски ги распишал. Вчера советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, на прес-конференција обвини дека градоначалникот распишува оглас за набавка на машини за смукање и метење со дури 30 спецификации, што говори дека изборот веќе е однапред направен штом толку детално се знае што се бара.

Andrej-Zernovski2– Како и што најавувавме подолг период, Жерновски ја започна својата офанзива за злоупотреба на Центар за свои корупциски интереси и веќе почна да тера сомнителни набавки. Градоначалникот на завчерашната седница на Советот на Центар, во пет до дванаесет, предложениот дневен ред го надополни со скандалозна предлог-одлука за набавки на неколку машини за одржување на чистота знаејќи и самиот дека влегува во сомнителна постапка, а одлуката на Советот ќе ја користи како покритие за своето сомнително и коруптивно однесување. Да беше се чисто, немаше потреба ваква точка да гласа мнозинството на СДСМ, а уште помалку таа точка да биде поставена на дневен ред на самиот почеток на седницата, а не во редовна постапка, изјави Ангелова.

Според неа Жерновски и СДСМ ги нацртале машините кои веќе знаат од кој набавувач ќе ги добијат, бидејќи со прецизните карактеристики напишани во одлуката на Советот, како покритие на ова коруптивно однесување, тие ја отстрануваат можноста на јавната набавка да се појави кој било друг снабдувач со машини за иста цел, но со различни механички карактеристики.

411633B6723F6440ADF8A8BFC14D6ED9

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1