Воопшто не ме интересираат понудите на оние што градат коишто стигаат до мене во однос на тоа да замолчам или да не гледам што се случува итн.
Јас не сум избран, а добив сериозна поддршка од жителите на Центар, за да ја поддржувам градежната, урбана мафија, туку реков и сега ќе потенцирам дека урбаната мафија ќе мора да си најде друга општина, нема што да бара во Општина Центар, вели новиот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
-Урбаната мафија ќе мора да си најде друга општина, нема што да бара во Општина Центар- порача Жерновски.
Видео – Радио Слободна Европа