Жерновски: Поништени се само местата кај што изгуби Тодоровиќ


Доказ за изборниот криминал што го прави власта е што Управниот суд го поништи гласањето на сите избирачки места каде што изгуби Тодоровиќ, изјави кандидатот за градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, на денешниот протестен собир пред главниот изборен штаб на неговиот противкандидат Владимир Тодоровиќ на плоштадот Македонија.
zernovski_0703Според Жерновски „целта на овој криминален инженеринг е да се обесхрабрат граѓаните на Центар“:
„Но, имаме сознанија дека дури и тие граѓани на општината што не излегле во првиот и во вториот круг, сега ќе излезат за уште поубедливо да победиме“, рече Жерновски.
Тој праша и зошто го нема во јавноста неговиот противкандидат Тодоровиќ:
„Против кого ние се бориме? Главниот изборен штаб на Владимир Тодоровиќ е затворен, а него веќе десет дена го нема во јавноста. Нека излезе и конечно нека каже колку пати треба да изгуби за да си замине и да ја ослободи општината“, изјави Жерновски, кој во пресрет на изборите во недела, најави голем митинг во Капишец, кој би требало да се одржи во четврток или во петок.
Kapital
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1