Жителите во паника дали по катастрофален земјотрес и цунами ги очекува уште полошо?


Паника владее во Нов Зеланд, по вчерашниот силен земјотрес што го погоди централниот дел на Нов Зеланд и покрена послабо цунами, при што загинаа две лица. Забележани се голем број последователни потреси, а експертите стравуваат дека е можно „нешто уште поголемо да дојде“.zemjotres-nov-zeland-cunami

Тоа што е непознато и што вознемирува е дали големиот број на последователни потреси се само тоа или „потресни што најавуваат“ што му претходат на уште еден голем земјотрес.

– Да се надеваме дека не е најавен земјотрес во пресрет на нешто поголемо што доаѓа, што е секако можно – изјави Ден Јакса, австралиски сеизмолог од „Џиосајенс“.

Бо последниот таков случај во 2011, кога на земјотресот во Јапонија со сила од девет степени според Рихтеровата скала, што предизвика цунами во кое загинаа илјадници луѓе, му претходеше земјотрес со јачина од 7,3 степени земјотрес и три потреси од шест степени според Рихтеровата скала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1