Живот без телевизија – реалност за македонско село


Старите ТВ-приемници се изгасија, постарите жители или им се вратија на транзисторите или се распрашуваат каде да купат приемник. Булачани е село под падините на Скопска Црна Гора, има околу 1.500 жители, има и кабелска, но не се сите приклучени. Некои имаат пакети на „Бум“, други се на „Макс ТВ“, трети на „Тотал“, голем дел немаат ништо.

tv-fuzz„Три дена не сум се скарал со сопругата“, низ смеа ни вели средовечен маж додека подработува во дворот од семејната куќа во скопско Булачани. Објаснува дека со дигитализацијата останал без телевизија, па сега ги нема секојдневните расправии дали да се гледа серија, вести или фудбал. Мирот в куќи, знае и самиот, набргу ќе се прекине, оти без телевизија во денешно време тешко се живее. Дома има стар ТВ-приемник, обична антена со која до минатата недела ги фаќаше барем македонските телевизии.

„Сега немам ништо, ниту знам што треба точно да направам. Имам транзистор, слушам радио, иако и тоа ми е на батерии, кај и да е, ќе се потрошат. Имам две деца, ако сакаат – тие нека ја тераат работата“, вели тој. Продолжува да ги кажува другите маки што го обременуваат секојдневјето. На крајот, вели дека одамна сфатил дека најважно во животот е здравјето, а телевизија „а ја имало, а ја немало“.

Целата сторија на – Утрински Весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1