Во почетокот на јули најтрофејниот тренер на КК Партизан, Душко Вујошевиќ, примен е во болница поради проблеми со бубрезите. Легендарниот тренер открива дека на крајот на сезоната го очекува трансплантација на бубрег.
Тренерот на Лимож признава дека здравјето неочекувано му се влошило во текот на минатата сезона и дека морал поголемиот дел од одморот да го помине на болничко лекување.
-Болета ми направи многу проблеми летово. Извесен период престојував во болница за да се подготвам за дијализа. На мојата здравствена состојба влијаеше и резултатскиот неуспех, но и фактот дека повеќето играчи не го профатија мојот начин на работа, што емотивно ме чинеше многу скапо.
Сепак, тој не планира да ја напушти кошарката, зашто таа е неговиот најдобар лек.
-Имам дијабетес, не бев дисциплиниран и сега ми е потребен инсулин за да преживеам. Исто така ми е потребна и доза кошарка за да преживеам. На крајот на сезоната би требало да ми биде изврена трансплантација на бубрег, открива Душко Вујошевиќ.