На 22 март во местото Јонгјин Сечуан, во Кина, Пенг Хиануонг бил сведок на чудна светлина која се појавила на небото. Го осветлил пејзажот со една линија во форма на опашка со црвена и зелена боја.
Целата ситуација била доволно чудна, со оглед на тоа што следното утро, Хиануонг открил четири жолти грутки во својот двор.
Тој и се приближил на една од грутките и ја поттурнал со стап. Ја отворил и во нејзината внатрешност забележал црвена и кафеава течност во форма на крв. Мирисала на свежа билка, а била мека како јајце, но миризбата не се раширила кога го скршил.
„Веројатно станува збор за габи, но ова не е прв пат да се појави некоја чудна материја, по минување на метеор“, вели Пенг.
По инцидентот со рускиот метеорит минатиот месец, се појавија кратери на земјата, за кои се верува дека се места каде што вонземјаните се спуштиле на земјата.