Жолтица во Штип – за 3 дена 11 лица во болница


За само еден ден хоспитализирани четворица пациенти со симптоми на жолтица во штипската болница. Со вчерашните новопримени случаи, бројот на заболени пациенти за кои инфектолозите се сомневат дека имат Хепатит А  се искачи на единаесет.
zolticaХоспитализираните пациенти се на различна возраст. Најмладиот пациент има 5 години, а најстариот  над 30. За сега изворот на заразата за штипските инфектолози е непознат. Сите хоспитализирани лица се од градското подрачје, но меѓу нив не постои семејна или пријателска врска.
Инфектолозите апелираат за зајакнување на хигиенските услови, но и да се внимава со исхраната која се конзумира на овие високи температури. Покрај жолтицата, на инфективно е зголемен бројот и на пациенти со ентереколити. Со покачена телесна температура, дијареа и повраќање се хоспитализирани осум лица.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1