Жолтицата се шири во градинки и училишта


Осум нови случаи на жолтица за еден ден се пријавени во Центарот за јавно здравје-Скопје.

Меѓу новозаразените има средношколец, студент, двајца ученици од Шуто Оризари, дете кое оди во градинка во истата општина, информира порталот zdravstvo24.labaratorija-zoltica1

Двајца заболени заразата ја добиле преку контакт со нивни близок кој веќе бил заболен.

Ваков случај е регистриран во општините Илинден и Бутел. Прв случај на жолтица е регистриран и во скопската општина Сопиште. Останатите заболени се од Шуто Оризари, Чаир и Центар.

Со новите случаи од почетокот ан епидемијата во главниот град со хепатит А се регистрирани вкупно 132 лица. Екипи од скопскиот Центар за јавно здравје се постоијано на терен и вршат дополнителна дезинфекција во училиштата и домовите каде има заразнено по неколку членови од едно семејство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1