Зијадин Села слави во Струга (ФОТО)


Кандидатот на ДПА за градоначалник на Струга, Зијадин Села, веќе ја прогласи победата на локалните избори.Околу 21.15 часот тој дојде во селото Лабуништа да им се заблагодари на жителите кои директно одлучија кој ќе биде новиот градоначалник на Струга. Тој им се обрати на македонски јазик и им се заблагодари за поддршката без која сигурно ќе беше поразен.

– Ги победивме и Никола Груевски и Бранко Црвенковски. Посилни бевме од специјалните единици на полицијата кои ни вршеа притисок. Сега ќе испишеме нова историја во Струга. Ајде да славиме, рече Села пред неколкуте илјади граѓани кои се собраа на плоштадот во Лабуништа. Кратката прослава беше одбележана со силен огномет и истрели од воздух од народот кој буквално беше во еуфорија. Во моментов колона од стотици возила и десетина автобуси оди кон Струга за да им се придружи на тамошните жители во прославата којашто ја најавија на градскиот плоштад.

ШОК ПРЕБРОЈУВАЊЕ ВО СТРУГА – ЕВЕ ПОСЛЕДНО ИНФО ОД ДИК

Foto – Vecer

struga1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1