Зиков носител на листата во прва, Бучковски во втората изборна единица


Алијансата за позитивна Македонија денеска ги презентира кандидатските листи за претстојните парламентарни избори кои синоќа ги поднесе до ДИК.

pozitivna makedonijaВо првата изборна единица носител на листата е лидерот на партијата Љупчо Зиков, во втората прв е претседателот на главниот одбор Владо Бучковски, а третата изборна единица ја предводи пензионираниот генерал Илија Николовски, кој е претседател на коалициската Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија.

Носител на листа во четворката е Дане Јованов, член на Извршниот одбор, членот на главниот одбор на партијата Игор Камбовски е носител во петата изборна единица, а шестката ја предводи Џевџет Хаљими.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1