Зимата ви ја старее кожата – еве што да направите


Во текот на зимата студените и ветровити денови, кожата е изложена на неповолни временски услови. Климата, ладното, ветерот сето тоа придонесува кожата да не е во можност самата да се хидрира.

Frozen. Chilled female face covered in snow ice

Може да почне да се лупи, да изгледа омлитавено, да чеша, а според дерматолозите доколку не се превземат мерки само по една зима без нега лицето ќе ви изгледа постаро за цели 5 години. Затоа, доколку и преку лето не обрнувате многу внимание во зима мора дополнителна нега со цел да се задржи кожата влажна, мека и мазна.

Според експертите со кои контактиравме посетата на козметички салон е неопходна во зима. Маските, хидратацијата како и масажата на лицето кои инаку дома тешко дека може да ги практикувате, ќе ви ја спасат кожата од комплетна дехидрација.

Лице

Постојат неколку неопходни третмани во зима.

Salon Venera (5 of 15)-2

Во зима, кожата na лицето треба да се негува дополнително, особено so биолошките третмани со маски и серуми кој ќе навлезат и потхранат длабински кожата.

Овие препарати не ги користиме во домашни услови и затоа во зима се препорачува барем еднаш месечно кожата да се потхранува во козметички салони, вели Наташа Димитрова сопственичка на салонот за убавина Венера.

Луѓе кои имаат мрсна и комбинирана кожа како и оние со проблематична кожа, имаат поголема потреба за третман во салон за убавина ( т.н. . Хигиенски третман).

Сепак, и сува кожа , бара соодветна нега, особено по 30 години, бидејќи тогаш кожата е поподложна на појава на брчи кои преку ноќ ќе ви се појават доколку ја оставите на милост и немилост на студот и зимата.

Раце

Кожата на вашите раце е потенка и почуствителна од другите делови бидејќи има помалку лојни жлезди.

Со Парафинската ракавица и маникирот брзо е ификасно може да ја нахрани и да ја врати еластичноста на кожата на рацете.  Ова е суштинско бидејќи рацете се најподложни на зимските неповолни услови и на нив прво се видливи трагите кои зимата ги остава. Преку рацете веднаш може да се откријат годините, што работите, дали се грижите за себе.

Salon Venera (14 of 15)-2

Со овој третман на пример им се дава дополнителна хидратација која ќе им ја сочува еластичноста, вели Димитрова.

Според Димитрова во зима Нега во домот е секако задолжителна и за лицето и за кожата на рацете. Да се користат поблаги креми кои дополнително ќе ја хидрираат кожата, советува Димитрова.

Она што можете дома да го направите за дополнително да се заштитите е

– да ја намалите топлината на водата со која се туширате,

– да избегнувате користење силни сапуни и гелови за туширање,

– да избегнувате претерано миење садови, перење или друг вид изложување на вода,

– средството за чистење на шминка во зима мора да е благо и природно

– никако на база на алкохол, вели Димитрова.

Повеќе совети за нега на вашата кожа на фејсбук страната на салонот Венера – ЛИНК 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1