Зимава ќе смрзнуваме на -30 – најладна зима на Балканот


Балканот оваа зима ќе биде посебно погоден со ледено време, а од Европскиот метеоролошки центар прогнозираат температури и до минус 30 Целзиусови степени, пренесува Слободна Европа.

Руските метеоролози пред неколку дена прогнозираа најстудена зима во последните 1.000 години, а слично предупредување овие денови стигна и од  “Redinga“.

Како што наведуваат во Европскиот центар за среднорочна прогноза, Европа ја очекува невообичаено студена зима како последица на невообичаено топлото лето на североистокот на Европа и поголемиот дел на Сибир. Најстудено ќе биде на Балканот.

Сепак балканските метереолози велат прогнозата е ,,смела,,

– Прашање е колку таа прогноза ќе се оствари , такви температури се ретки не само оваа деценија туку и во векот. Вели српски метереолог.

Според Бранко Мичев пак од центарот во Подгорица вакви зими се реални и се укажува дека не чекаат ,, сибирски бранови,, со темература под -20 но тоа важи само за најладните денови и за најладните делови на Балканот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1