ВЕЧЕР пренесува фотографии од непроценливото богатство пронајдено во Македонија кое ќе биде изложено до 16 ноември во реномираниот Келтско-римски музеј во Манхинг, Германија
Според д-р Лилчиќ, артефактите од златниот трезор од Тремник најверојатно му припаѓале на офицер кој верно служејќи му на Александар Македонски со премијата се вратил во родниот крај?! Артефактите се осигурани на 5 милиони и 368 илјади евра, а по претставувањето во Германија, според директорката Весела Честоева, тие ќе бидат изложени во новиот Археолошки музеј, пишува Вечер
Повеќе фото на Вечер.мк
Медалјон со кочија на која се вози богот на морето, Посејдон, препознатлив
по неговиот трозабец, познат како тридент. Десната рака, свиткана во лактот, му е подигната, како да го држи коњот. Според Лилчиќ, веројатно, овој артефакт е донесен од преку Медитеранот.
Статер на Александар Македонски. Пронајден под статерот на Филип, на длабочина од 40 сантиметри. Прикажана е глава на Атина со коринтски шлем на десно.
Две златни фигури од кои е составена златна безопасна. Му припаѓале на благородник. Составени од лак, со ѕвездовидни декоративни елементи. Едната фигура е како змиска глава со очи, што е многу ретко. Според Лилчиќ, најдени се 4 вакви фигури, а тој во литературата немал забележано за слични наоди, што ги прави уште поексклузивни. Датираат од втората половина на 4. век.
Приврзоци од ѓердан со разни алки со златни гранули.