Живеел сам изолиран во шумата 27 години: Луѓе гледал само кога одел да краде храна (ВИДЕО)


Кристофер Најт (47) е уапсен за серија кражби – крадел од луѓето она што му е потребно за да преживее во дивина каде го минал рециси цел живот – сам, читајќи книги. за овие 27 години разговарал само со еден човек.

Logor-pustinjaka-iz-Nort-Ponda-copyНајт отиде во пустината пред 27 години, 2 години откако завршил средно, во текот на Чернобил се одлучил да се изолира, а ни сам не знае зошто. Отишлол на работ од шумата и  ја изградил колиба која ја маскирал така да не биде пронакјдена од никого и да не е видлива од воздух, не палел оган за да не го најдат, ниту во најладните денови. не користел сјајни објекти или пак ги пребојувал во зелено, има радио на батерии и деновите ги минувал читајќи ги книгите кои ги крадел од куќите.

Полицијата соопшти дека тој направил повеќе од илјада кражби, земајќи само она што му е потребно за да преживее. Тој стана толку успешн и вешт што го нарекуваат “самотникот од Северн Понд”.

– Со години се зборувало како да е мит или легенда за тоа кој е одговорен за кражбите. Сепак, се покажа дека легендата е вистина – рече Дајан Перкинс од локалната полиција.

Омилен роман му е “Робинзон Крусо” Во 1984 година живеел во едно место, но потоа се преселил од страв да не биде забележан. Од 1989 година. тој е во колибата каде што живее.

Кампот е неверојатно уреден и чист, некои би рекле премногу цивилизиран за некој кој е очаен да биде далеку од цивилизација. Постојат дури и стапици кои се дизајнирани за да се спречи глодари да ја изедат неговата храна.

Сета храна што ја јадел е украдена – тој се обидел да лови риба, но се откажал, бидејќи му требало многу напор.
47-годишниот осаменик сега чека одлуката на судот,  неговата кауција е  $ 5,000.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1