Златна Зора збесна – документ на поштата на Грција со уставното име Македонија


Во формата „Амбасадорот на Македонија”, уставното име на нашата земја се најде на официјален документ на Грчка пошта (ЕЛТА), јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Станува збор за документ на курирската служба на поштата во кој што се заведени испраќачот и примачот на писмото што норвешката амбасада во Атина го испратила до македонската. Златнозорците се бесни поради фактот што во полето каде што се заведува примачот на писмото курирската служба напишала Амбасадор на Македонија. Документот што датира од месец април го објави неонацистичката „Златна Зора”, а за него известија некои од грчките медиуми.

g_dokumentforweb

Од „Златна Зора” ова го оценуваат како предавство за целата држава. Темата ја актуелизираа и во Парламентот, во форма на пратенички прашања упатени до министерот за инфраструктура, транспорт и врски, до шефот на дипломатијата и до министрите за внатрешни работи и за Македонија и Тракија.

Под наслов „Пропаднатиот државен апарат ја призна ФИРОМ како Македонија”, „Златна Зора” ги упати следниве пратенички прашања до горенаведените министри:

1. Дали признаваат дека овој документ како моќен и валиден документ на грчката Влада има правни последици ?

2. Дали наведувањето на Амбасадорот на Македонија како примач ја одразува моменталната позиција на грчката влада за прашањето за името ?

3. Дали неформалното и индиректно “признавање” на “Скопје” како Македонија е дел од делегацијата на суверенитетот и банкротот на грчката надворешна политика ?

4. Какви казни ќе бидат изречени за одговорните што го игнорирале или прифатиле овој “предавнички чин” ?

5. Како ќе се осигуреле дека нема да се повторат вакви слични феномени во ниту еден оддел на Грчката држава ?

Во реакцијата на неонацистичката партија меѓудругото се вели дека на клучните позиции во јавниот сектор во Грција се поставени луѓе кои што немале ни трага од патриотизам и кои што им наштетувале на државните интереси. Бараат оставка на одговорните во администрацијата на поштата.

Нет прес

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1