Златниот ковчег на тројцата кралеви, кои го даруваа Исус


Според Евангелието по Матеј, тројцата кралеви или тројцата мудреци , следејќи ја витлеемската ѕвезда, доаѓаат од исток во Ерусалим каде што ги прима кралот Херод, кој сака од нив да дознае каде се родил Исус за да може да го убие.

article-1312318-0B131FCE000005DC-45_634x348Kога ќе го пронајдат Исус, тие го даруваат со темјан, како симбол на бог, потоа со злато, како симбол на крал и со благородната маст смирна, како човек. Тројцата кралеви во суштина се претставници на паганските народи, кои Бог ги повикал во своето кралство со тоа што им јавил за раѓањето на Спасителот. 

Иако во Евангелието по Матеј не се спомнуваат имињата на мудреците, во 8 век во западното христијанство тие добиваат имиња – Балтазар, Мелкиор и Kаспер.

relicario_reyes_magos_3921Mонументалната катедрала во Kелн во Германија, посветена на свети Петар и на богородица, која Германците ја викаат „Дом“,  е  почивалиште на моштите на оние што први јавиле дека е роден синот божји.

Во неа, во златен саркофаг, изработен од три дела, се нивните коски и облеката. Kовчегот, кој е едно од најголеми дела на златарската вештина, во светот почнал да се прави во 1181 година, а бил завршен од мајсторите на Kелн во 1220 година.

Иако реално е дискутабилно дали моштите на тројцата кралеви се навистина тие што се наоѓаат во саркофагот, кој низ векови бил место на поклонение на верниците, сепак во западното христијанство такво прашање не се поставува.

IMG_1841Од причина што нив ги пронашла света Елена, мајка на царот Kонстантин, кој го донел познатиот Милански едикт, со кој се забранил прогон на христијаните кои од тогаш можеле слободно да ја пропагираат својата вера.

Мајката на Kонстантин во еден период отишла во аџилак во Ерусалим и таму ги нашла крстот на кој бил распнат Исус и моштите на тројцата кралеви.

Истите ги донела во Kонстантинопол и тие биле погребани во црквата „Света Софија“.

Подоцна моштите биле префрлени во Милано каде што биле до 12 век, а кога во 1164 година царот Фридрих Барбароса го освоил Милано, посмртните останки на тројцата кралеви му ги подарил на својот канцелар, кој истовремено бил и надбискуп на Kелн. И од тогаш тие се во катедралата, која дневно, според некои податоци, ја посетуваат речиси 20.000 туристи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1