Во злосторството како што досега не се памети во Банатски Карловац, Ратко Јовановиќ (52) со нож ја избодел сопругата Драгана (44), а потоа себе си си го пресекол вратот.
Неговото безживотно тело и крвавата Драгана ги пронашле соседите. Жената давала знаци на живот, но починала на пат кон болница. Се сомнева дека мотив за оваа трагедија е љубомора.
Имено, според првите сознанија, Ратко се сомневал дека Драган запознала друг маж додека била во Австрија на привремена работа.
Наводно и нашол пораки на Фејсбук и ја присилил да признае. Се сомневал дека со некој друг е во врска неколку месеци.
Зад нив останаа две ќерки.