Една жителка на Кина, Лу од местото Шуанченг, била касната од змија, која три месеци „живеела“ во шише вино, кое Кинезите го сметаат за лековито.
Како што пишува Глобал Тајмс, жената сакала да додаде малку алкохол во шишето, во кое била и змијата. Змијата ненадејно ја каснала Лу.
Ваквата ситуација во оваа земја не е необична: Кинезите веруваат дека „змиското вино“ е лековито.
Лу ова шише го купила во јуни. По каснувањето, таа е пренесена во болница.