Змија се пикнала во владин автомобил – 2 часа ја ваделе (Видео/Фото)


Вчера пред зградата на Македонската радио телевизија се случувала драма. Змија се пикнала во автомобил кој е дел од возниот парк на Владата и најверојатно припаѓа на некое министерство или институција, велат изворите на МКnews.

zmija mtv

zmija mtv1

Цели 2 часа се мачеле и ја ваделе змијата од автомобилот. Никако не можеле зошто била пикната во инсталацијата и заплеткана. На крајот успеале дури откако дошло момче од зоолошката градина која според очевидците буквално ја фатил со рака и ја извлекол. Дури морал да ја намами да го гризне за да ја фати за главата, вели изворот на МКnews.

Се работело за змија смок. Не е опасна, а според момчето од зоолошка кое ја извади се што треба да направи на раната од угризот е да ја дезинфицира. Погледнете го видеото

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1