Змискиот мост го градел Македонец вљубен во Турчинка


Мајсторот се викал Kоце и бил многу убав, а кога бил повикан да го види местото каде што требало да се гради мостот, поминала ќерката на бегот, сопственик на Саат-кулата, и тој ~ фрлил мерак. Kога почнала изградбата, пак, беговата ќерка доаѓала секој ден и не верувала дека Kоце ќе го изгради мостот. Тој ја прашал дали ако го изгради мостот ќе го земе за момче, но таа му одговорила дека нејзините нема да ја дадат за христијанин, раскажува Стевче Доневски едно од преданијата за изградбата на Јоркширскиот мост во Kратово, кој е познат како Свински, Змиски и Тртев мост, пишува Дневник.

zmiski most

www.maticanaiselenici.com

Од некогашните 17 моста, денес се сочувани седум, чија заедничка карактеристика се камените сводови и декоративната архитектура, но, сепак, секој од нив си има и свои особености, што го издвојуваат од другите мостови.

– Младиот мајстор Kоце се заветил дека неговите очи и неговата уста ќе гледаат секогаш кон убавата Турчинка кога ќе се појави на балконот од кулата. И ако го погледнете мостот, тој навистина има „уста и очи“ и тоа се гледа најдобро токму од Саат-кулата – вели Доневски.

– Змичевци биле угледно и моќно семејство од азиско потекло, кои го поседувале мостот и познатиот „кркмердевен“, кој имал 40 скалила што ја поврзувале Царина Маала со чаршијата. Тие биле многу лоши и од двете страни на мостот наплаќале мостарина во натура – во јајца, сирење, урда, дрва, кои луѓето ги давале за да поминат. Поради нивната лошотија, мостот бил наречен Змиски мост, а кога си заминале од Kратово се славело една недела, затоа што „злото си заминало од нивниот град“. Потоа мостот го поседувала кратовската фамилија Тртеви, па е познат и како Тртев мост – раскажува Доневски.

Тој поседува исечок од весник, објавен во белградскиот печат во 1924 година, во кој се наведува дека Јоркширскиот мост е направен од камен од три каменоломи, донесени со дрвени коли-колесници од Горно Kратово, Живалево и од Лискавица. Стариот кратовец Никола Ефремов Бата, пак, му подарил графика од Љуба Ивановиќ, изработена истата 1924 година, на која е прикажан овој мост.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1