Истражувачите од универзитетот во Кембриџ откриле нов проект под името Зои “дигитална глава која реалистично ги изразува човечките емоции”.
Зои би требало на глас да ги чита пораките кои ќе ги добиете, наместо вас. За било која реченица, Зои има целосна скала емоции, а се очекува еден ден овој аватар да може да прочита каков било текст во вашиот смартфон. Истотака, научниците се надеваат дека еден ден ќе испеат да ја интегрираат технологијата, која ќе овозможи слика од вашата глава да биде таа која ќе ги чита саканите текстови.
Ова може да биде прв чекор кон новата ера на “фејс месаџинг”, како што го нарекуваат експертите од Кембриџ. Постојат многу компании кои работат на природна комуникација меѓу компјутерот и луѓето.
Најпознатата е секако Епл, која програмираше личен асистент Сири, кој го разбира нормалниот јазик и повремено одговара и на по некоја шега. Она што Зои ја одвојува од сите други слични програми, се емоциите и изразите на лицето кои ги прави при секое читање на текстовите.