Зоки “Фаци” е човекот кој го пронајде Давид, синот на Зоран Роџер кај Катланово.
- Кратко претходно видов на порталите дека го бараат Давид. На стариот пат од Катланово кон Скопје го видов, закочив и го повикав, ме препозна, поразговаравме малку. Беше вознемирен рече дека одби да се врати дома и ќе оди во манастир, но потоа се премисли и прифати да го однесам кај баба му, вели Зоки Фаци за Либертас.
Апелот се појави на социјалните мрежи, а синот на Зоран Роџер на автопатот во Катлановобил да се прошета во мир и тишина.