Зоран Марјановиќ (50) од Велика Иванча, кој беше уапсен во јули оваа година откако со нож ја избоде сопругата Гордана Р. (34) и тоа после прославата на првиот роденден на нивната ќерка, е осуден вчера во Основниот суд во Младеновац, на десет години затвор за обид за убиство.
Обвинителството во завршниот збор побарало единствена казна за Марјановиќ од 10 години, што судот ја прифатил и му го продолжил притворот.
Марјановиќ по пуштање од притвор во јули годинава, во кој бил поради семејно насилство, требало заедно со сопругата да го прослави роденденот на ќерка си.
Меѓутоа, несреќната жена не ни помислила што може да и се случи после прославата.
– Кога си заминале гостите, Гордана легнала во кревет со ќерката, а Зоран без причина земал нож и ја избодел додека лежела. Бил пијан! Додека се бранела, таа успеала само да го заштити детето со своето тело. За среќа, тоа не е повредено. Дури успеала да повика и Брза помош, – изјавиле блиски познаници на Зоран и Гордана.