Зошто е добро да си Македонец


Дали некогаш сте помислиле зошто е добро што сме Македонци, и што живееме токму на оваа географска положба?
makedonija zname

1.Во Македонија нема урагани, торнада, цунами и други природни непогоди кои секојдневно го погодуваат светот.

2. Речиси сите луѓе во Македонија имаат сопствен кров над глава, каков и да е.

3.Познаваме многу луѓе.

4. Соседите ни велат добро утро, добар ден и добравечер.

5.Мајка ти и татко ти се секогаш тука и за кавга и за помош.

6. Колку и да сакаш во Македонија неможеш да бидеш сам.

7. Имаме вистнско вкусно сирење.

8. Свадбите ни се неверојатно весели.

9. Децата сеуште можат да си играат на улица.

10. Само ние Македонците имаме привилегија секојдневно да ги јадеме вкусните ручеци на мама.

11.Економските кризи многу многу не не погодуваат, за нас се си останува исто горе долу.

12. Може да си јадете евтин свеж зеленчук и овошје.

13. Обично секој двор има некој корен домати, пиперки и секако некоја овошка.

14. Водата за пиење не ја купувате.

15. Кога станува збор за Македонија цела земја дише во еден здив.

16. Имате привилегија со вас да живее стара баба и дедо па добро сте запознаени со историјата и минатото.

17.Ве бива за се. Македонците можат да го реновираат целиот стан без мајстор.

18. Стапката на разводи е многу пониска во споредба со другите земји.

19. Мајките знаат да замесат домашен леб.

20. Новогодишните и божикните празници ни почнуваат  месец  дена порано. ( Митровден, Свети Никола, Свети Ѓоргија…)

И ред други работи..
Продолжете во коментарите, што е вашата добра стана да се биде Македонец.

Izvor – Fakulteti.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1