За некои брендови бојата е подеднакво важна колку и нивното лого. Но, знаете ли зошто одредени брендови ја избрале токму онаа боја по која се познати?
Зошто весниците и веб страната на “Financial Times” се розови?
Челниците на весникот “Financial Times” во 1893 година одлучиле да ја променат бојата на своето издание, за да се разликуваат од нивниот лондонски ривал “Financial News”.
Зошто “Google” е во боите на виножитото?
Боите на “Google” упатуваат на разиграност, особено редоследот на боите.
“Се одлучивме за основните бои, но не сакавме да ги поставиме во класичен редослед и ја обоивме ‘L’ со секундарна боја, што е во сооднос со нашата идеја Google да не се придржува до правилата”, изјави Рут Кедар, графичката дизајнерка која го осмисли логото.
Зошто логото на “BMW” е сино-бело?
Според популарните гласини, логото требало да претставува лопатки од пропелер кои го сечат синото небо, но тоа е погрешно. Квадратите ги претставуваат боите на Слободната држава Баварија.
Зошто логото на “Facebook” е сино?
За тоа е “виновен” Марк Цукерберг. “Сината за мене е најраскошна боја”, одговори тој кога му беше поставено ова прашање.
Зошто “Tiffany” ја одбрале својата заштитна сина боја?
Бојата која е позната како “Тифани сина” ја избрал основачот на компанијата Чарлс Луис Тифани за боја на корицата на својата книга “Blue Book”, која ја содржела годишната колекција на накит и која била објавена во 1845 година.
Од компанијата велат дека бојата најверојатно била одбрана поради популарноста на тиркизниот скапоцен камен во 19-от век или поради тоа што била омилена меѓу викторијанските невести.
Зошто е “Yahoo” виолетов?
Според компанијата “Fast”, коосновачот на “Yahoo”, Дејвид Фило во 1995 година отишол во продавница да купи боја за ѕидовите на компанијата, а потоа приказната се дели на две страни – едната која вели дека ја здогледал виолетовата боја на попуст, а другата дека бојата била сива, но дека под јаките флуросцентни светла изгледала како канцеларијата да е виолетова.
Зошто “Coca-Cola” е црвена?
Кон средината на 90-тите години од 18-от век компанијата почнала да ги бои бурињата со сируп во црвена боја за при транспортот даночните службеници да може лесно да ги разликуваат од алкохолните пијалоци. Компанијата дури и своето прво списание, кое било издадено во 1924 година го нарекла “The Red Barrel”.