Често се слуша постарите да кажат дека храната денеска нема вкус како во минатото, а тоа делумно се должи на носталгијата, но делумно и на тоа што храната е поинаква од онаа пред 20 или 30 години.
Тоа особено е забележливо во развиените држави, каде речиси секое овошје или зеленчук има правилна форма, силна боја, поголеми димензии, но и послаб вкус. Пилешкото месо денеска е полесно за одгледување, но затоа не е толку вкусно како некогаш.
Канадските научници решија да одгледуваат три различни видови кокошки од три различни ери, за да ги споредат нивните карактеристики.
Иако сите имале иста исхрана, чувани се во комплетно исти услови, се развиле во сосема различни единки. Така онаа од средината на минатиот век имала тежина помала од еден килограм, додека онаа актуелната тежи повеќе од четири килограми.
Новите услови на модерните фарми, синтетичката исхрана и хиперпродукцијата значат дека се форсираат оние кои имаат повеќе маса и со тоа повеќе месо, но кои се многу малку подвижни, па нивното месо нема богат вкус.