Студиите покажале дека оставањето на цигарите доведува до добивање четири до пет килограми во просек, и тоа во првата година по откажувањето. Но, според истражувањата на Универзитетската болница во Цирих, поранешните пушачи не јадат веќе како обично, па тоа е причина за дебелеењето.
Професор Жерард Роглер вели дека со колегите го пронашол можното објаснување – промена во комбинацијата на бактерии во цревата.
Во нивната студија објавена во магазинот PLoS One, откриле дека кога некоја личност престанува да пуши, се менува бактерискиот состав во неговите црева и наликува на оној кај дебелите луѓе. За времетраењето на истражувањето, луѓето кои престанале да пушат во просек се здебелиле 2,2 килограми, иако не ги промениле навиките во исхраната.
По добиените резултати, научниците на оваа тема подготуваат и пообилно и подетално истражување.