Полицијата го пронајде и телото на 29-годишната Ивана Фогадиќ која изврши самоубиство, а во смрт го однесе и својот пет годишен син Патрик.
По извршената обдукција познато е дека причината за смртта, иако како и кај малиот Патрик, е давење. Дека се работи за Ивана било потврдено и преку препознавање на телото. Со ова се завршува потргата на хрватската полиција, која имаше страшен крај. Од водите на езерото пронајдени беа најпрво телото на детето, автомобилот со кој слетале со езерото, а ден подоцна и телото на мајката Ивана.
Првичните информации од полицијата, како што е веќе познато, говорат дека Ивана свесно влетала во езерото со автомобилот извршувајќи самоубиство и убиство над синот.
Таа пред да исчезне со малиот Патрик на социјална мрежа Фејсбук напиша која е нејзината намера, а како причина го наведе малтретирањето и нарушените односи со сопругот.
Токму поради тешките обинувања, хрватската полиција ќе истражува дали во семејството на Фогадиќ имало насилство.